Дачиќ: Малите инциденти можат да доведат до тешки последици

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ по повод вчерашниот инцидент на српско-косовската граница изјави дека малите инциденти можат да доведат до тешки последици и оти треба се да се направи за тие да се избегнат.

– Очигледно дојде до кршење на постоечкиот договор и во копнената зона на безбедност влегоа вооружени луѓе со цел да крадат дрва, што не е ново. Тоа постојано се случува на подрачјето на Куршумлија и често доведува до инциденти, истакна синоќа Дачиќ во Брисел по 13 рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Тој наведе дека во иднина треба да се избегнуваат такви инциденти, додавајќи оти приштинската страна не била заинтересирана за продлабочување на разговорот за тој случај.

– Важно е да имаме чиста ситуација и процесот да продолжи понатаму, посочи Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија