Дачиќ: Хашкиот трибунал не е суд

Од:

Претседателот и премиерот на Србија, по донесувањето на ослободителната пресуда за Готовина и Маркач, оценија дека Хашкиот трибунал не е суд и дека таа одлука е политичка, а не правна.

„Тоа го потвдрува тврдењето на оние кои велат дека Хашкиот трибунал не е суд, туку дека исполнува однапред дадени политички задачи“, изјави премиерот на Србија, Ивица Дачиќ.

Претседателот Николиќ вели дека е јасно дека одлуката на Трибуналот за ослободување на Готовина и Маркач е политичка, а не правна.

„Денешната одлука на Хашкиот трибунал нема да придонесе за стабилизација на ситуацијата во регионот, туку ќе отвори стари рани, а Србите во Хрватска, оној мал број кој останал да живее таму ќе ги стави во положба на виновни над кои секој ќе може да ја спроведува својата „правда“, рече Николиќ.

„Ако досега имаше причини да им веруваме на оние кои тврдеа дека Хашкиот трибунал е неутрален и праведен, најновата одлука за ослободување на воени злосторници го демантира тоа тврдење“, додаде Николиќ.

Претседателот на Србија истакна дека српскиот народ во најновата историја беше жртва на геноцид и најсурови злосторства, а дека Србите се жигосани како злосторници кои треба да се срамат и молчат.

„Тоа е парадокс, кој не смее да се повтори“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов