Дачиќ: Бојкот на изборите може да направи проблем

Од:

Претседателот на владата на Србија, Ивица Дачиќ оцени дека евентуален бојкот на локалните избори на Косово не би им бил во интерес на Србите од тие простори.

-Бојкотот на Косово би можел да направи проблеми на Србија, но не поради седницата на Европскиот совет во декември, на која треба да се одлучи за почеток на пристапните преговори, туку поради интересот на Србите – изјави Дачиќ, во интервју за црногорската телевизија „Атлас“.

Тој рече дека доколку Србите излезат на локалните избори на Косово ќе добијат своја власт во општините во кои се мнозинство.

-Тоа би било за прв пат таа власт да добие меѓународна верификација, легалност и легитимитет, истакна српскиот премиер и додаде дека заедницата на српските општини опфаќа десет од триесет општини на Косово.

Според неговите зборови, заедницата може да има големо влијание на Косово, која тој ја нарече посебна територија а не независна држава.

-Ние признаваме дека Косово е посебна територија, но не и независна држава – изјави Дачиќ.

Српскиот премиер рече дека Србија сака да учествува во регулирање на животот на таа посебна територија и дека неговата формулација „Србите на Тачи“, се однесува на оние Срби кои се на власт во Косово, а не прават ништо за да ги заштитат интерсите на Србите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија