Ципрас: Животот на граѓаните со Владата на Мицотакис потсетува на Survivor

Од:

Секојдневието и живот на граѓаните со Владата на Мицотакис веќе потсетува на Survivor. Кој ќе преживее, кој ќе издржи, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас од Солун додавајќи дека „ова не може да продолжи“, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас се осврна на, како што рече, два до четири пати повисоките цени на струјата, на „бензинот што се искачи на речиси 2,5 евра, инфлацијата стигна до двоцифрен број, над 10 отсто“ и ги повика сите демократски и прогресивни граѓанин, особено сите оние кои ја поддржаа СИРИЗА, младите луѓе, „да стават крај на овој кошмар“.

Грчката опозициска партија СИРИЗА в недела ќе одржи избори за претседател и членови на централниот комитет.

Кандидат за лидер на партијата, е актуелниот претседател Алексис Ципрас, без противкандидати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски