Ципрас бара предвремени избори во Грција

Од:

Во општо невреме нашата држава се брани на најдобар можен начин, со мерки за скапата енергија и поскапувањата на цените, но и со пакетот за поддршка од околу 13 милијарди евра, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот одговарајќи на пратеничкото прашање за енергетската криза и последиците, поставено од лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, кој упати критики до власта дека голем дел од поскапувањата, не се должат на меѓународната ситуација и војната во Украина, туку на владината политика, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас истакна дека Мицотакис прикажува „речиси идилична слика за земјата, која нема никаква врска со секојдневието на сè поголем дел од општеството“, посочи дека за сите проблеми грчкиот премиер има изговори и секогаш некој друг е виновен, споменувајќи дека според Мицотакис, за кризата виновна е војната, за пандемијата, виновни се тие што го шират вирусот, за пожарите е времето, за прислушувањата, виновен е поранешниот генерален секретар во Владата.

Паралелно го повика грчкиот премиер да распише избори „за да земе воздух земјата“.

– Политичката промена и една прогресивна Влада сега веќе е егзистенцијално прашање за мнозинството од општеството. За влада која се грижи за општеството, а не за интересите. За да се ​​запре профитерството, да се намалат индиректните даноци, ДДВ-то за основните продукти и специјалниот данок на гориво, порача Ципрас.

Грчкиот премиер одговори дека конкретните предлози на лидерот на СИРИЗА за намалување на даноците би чинеле повеќе од пет милијарди евра, „пари едноставно не постојат“, а истакна дека за покачувањето на цените, единствениот виновник е Русија.

– Поскапувањата, глобалните поскапувања и грчките поскапувања имаат име и тоа е изнудувачка употреба на горивата, пред сè природниот гас од Русија, како асиметрично оружје против Европа. Бидејќи, како што Русија со своите топови ги крева во воздух границите и безбедноста на континентот, така и со природниот гас притиска за да го поткопа просперитетот на европските граѓани, рече Мицотакис.

Тој потсети дека Владата преку програмите за покривање на дел од покачувањата на цените, им вратила 300 милиони евра на граѓаните, додека пак од оданочувањето на зголемените приходи на компаниите за производство на електрична енергија, за три месеци државата добила 2,7 милијарди евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски