Четири бебиња во Белград починаа од голема кашлица

Од:

Четири бебиња починаа од голема кашлица во Институтот за мајки и деца во Белград.

Ова утрово за РТС го изјави д-р Владислав Вукомановиќ, кардиолог и управител на детската клиника при Институтот за здравствена заштита на мајки и деца на Србија „Д-р Вукан Чупиќ“.

За жал, малите деца, доенчињата до четири месеци може да добијат многу тешка клиничка слика, која кај нас заврши со смрт на четири деца“, вели д-р Вукомановиќ.

Како што додаде, едно дете моментално е на вентилатор, што значи дека е многу загрозено.

„Има околу 70 деца со голема кашлица, половина од нив се хоспитализирани и тоа укажува на зголемување на децата со тешка клиничка слика“, вели д-р Вукомановиќ за РТС.

Би можело да ве интересира

Во Србија уште едно бебе почина од голема кашлица

А1он

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад