Чавушоглу: Визна либерализација до октомври или нема договор со ЕУ

Од:

Турскиот минстер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, го предупреди денеска Брисел дека Турција нема да го признае договорот со ЕУ за решавање на мигрантската криза ако турските граѓани најдоцна до октомври не добијат визна либерализација.

– Договорот за бегалците функционира бидејќи Турција презеде многу сериозни мерки меѓу кои и борба со криумчари со луѓе – изјави тој во интервју за утрешен „Фракфуртер алгемајне цајтунг.“

Тој додава дека тоа не е закана, но дека Турција ако не добие визна либерализација ќе биде принудена да се дистанцира од договорот за враќање на бегалци од ЕУ.

Според него, владата во Анкара очекува конкретен датум за визна либерализација.

– Тоа може да биде почетокот или средината на октомври, но ние очекуваме точен датум – нагласи Чавушоглу.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски