Церар: Словенија го губи трпението и е близу до поставување ограда против мигрантите

Од:

Словенија веќе го губи трепението кон Европската унија и е се поблиску до поставување на ограда на границата, изјави словенечкиот премиер Миро Церар, пренесува ДПА.

– Ако ситуацијата не се промени значително во следните денови, ние веројатно ќе ја зајакнеме контролата со технички бариери, изјави Церар во денеска објавено интервју за весникот „Вечер“.

Словенија со околу два милиони жители е најмалата земја на балканската рута на мигрантите. Иако е само транзитна земја, таа треба да се справи со околу 7.000 бегалци на ден.

– Околу 100.000 бегалци може да пристигнат во следните десет дена и за нас тоа ќе биде тешко да се справиме. Во моментот за нас е најважна одговонроста кон нашите граѓани, предупреди Церар.

Според словенечкиот премиер за Словенија најдобро ќе биде да ја обезбеди границата на шенген зоната со технички бариери, вклучително и ограда, ако е неопходно.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он