Церар: Словенија е солидарна, но е загрижена за безбедноста на мигрантите

Од:

Словенечкиот премиер Миро Церар денеска во Парламентот најави дека неговата држава ќе прими „одреден“ број потенцијални бегалци од земјите на Африка и од Блискиот исток, но додаде дека Владата при тоа ќе поведе сметка за „интегративната способност“ на земјата, која има ограничени капацитети, како и за безбедносниот аспект на проблемот.

Претседателот на Владата нагласи дека Словенија „беше и ќе биде солидарна кон бегалците“, но дека јасно ќе предупреди на проблемот на интеграцијата и безбедноста.

Европската комисија предложи обврзувачки квоти за прифат, односно преселување во европските држави на околу 200.000 потенцијални бегалци од кризните подрачја.

Како што пренесува Хина, според предложените квоти Словенија треба да прими 207 имигранти кои сега се наоѓаат надвор од Европа, а им се заканува опасност.

Церар неодамна изрази резерва кон обрзувачките квоти за членките на Европската унија, изјавувајќи дека е тоа предмет за расправа и дека Словенија може да прими само 15 до 20 бегалци.

Денеска во Парламентот, сепак, тој наведе дека Словенија при решавањето на бегалскиот проблем се залага за начелото на доброволност, но и за солидарност кон бегалците, во согласност со одредбите на меѓународното право и дека можностите и капацитетите за прифат на бегалци веќе ги проверуваат повеќе министерстава.

Како една од причините за воздржаност околу прифатот на поголем број имигранти Церар го наведе проблемот на можна „инфилтрација“ на еден број лица кои можат да претставуваат ризик за внатрешната безбедност.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он