Церар: Оградата на границата е неопходно, но привремена

Од:

Словенечкиот премиер Миро Церар денеска изјави дека Словенија ќе продолжи поставувањето на ограда на границата со Хрватска, нагласувајќи оти тоа е привремена мерка за да се оневозможи неконтролираниот прилив на мигранти од балканската бегалска рута.

– Поставувањето на ограда за насочување на мигрантите во сегашната ситуација е неопходна поради премалата солидарност од страна на Грција, Македонија, Србија и Хрватска, кои се наоѓаат на балканската бегалска рута, посочи Церар.

Тој истакна дека околу 7.000 мигранти дневно влегуваат Словенија. 

– Словенечката Влада со задоволство ќе донесе одлука за отстранување на оградата од границата со Хрватска, но откако ќе се смири бегалската криза, наведе Церар.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он