Церар ја напушти својата матична партија поради коалицијата со Јанша

Од:

Актуелниот министер за надворешни работи на Словенија, Миро Церар објави дека ја напушта Партијата на модерниот центар (СМЦ), што тој ја формираше, поради одлуката на партиското раководство да коалицира со партијата на Јанез Јанша.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Церар својата одлука ја објави во словенечкиот Парламент, а ја напиша и на социјалните мрежи.

„Денеска излегувам од партијата на која и посветив шест години од својот живот и во која го оставив своето име. СМЦ веќе одамна не е партија на Миро Церар, а за жал не е ни повеќе партија на модерниот центар“, напиша Церар.

Партијата СМЦ реши да влезе во коалиција со десничарската Словенечка демократска партија (СДС) на Јанша, што беше причина за голем број негодувања и во самата партија.

Церар уште пред да се формира новата коалиција најави дека доколку тоа стане реалност, тоа ќе биде сосема спротивно за неговите политички вредности и погледи за тоа како треба да се развива Словенија.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он