Церар ја критикува Хрватска за односот кон мигрантската криза

Од:

Словенечкиот премиер Миро Церар го критикува однесувањето на Хрватска во однос на кризата со мигрантите и тврди дека Загреб не ги почитува оперативните договори за бројот на мигрантите кои праќа во Словенија, пренесува БТА.

– Од земја членка на ЕУ би очекувал поинакво однесување, изјави Церар за германскиот весник „Велт”.

Церар вели дека одржува постојан контакт со хрватскиот колега Зоран Милановиќ, но на „работно ниво” нема комуникација и соработка, неопходни во сегашната миграциска криза.

Тој потсетува дека Словенија е најмалата држава на балканскиот пат на мигрантите, што го ограничува нејзиниот капацитет за контрола на границите и да прифаќа мигранти.

– Ги повикуваме ЕУ и сите членки, тежината од мигрантскиот бран да биде праведно распределена, рече словенечкиот премиер, заклучувајќи дека е неопходна координација меѓу сите држави. Воедно тој побара проблемот да се решава долгорочно и тоа онаму каде се појавил, односно во Сирија, Ирак и Авганистан.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он