Бушати: Да се отвори нови поглавје во односите со Србија

Од:

Албанија се надева дека на состанокот со претставници на Србија следната недела во Белград ќе бидат надминати несогласувањата во врска со инцидентот на натпреварот на двете фудбалски репрезентации и ќе биде отворено ново поглавје во односите на двете земји, изјави шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати.

– Настаните, кои се случиле пред, за време и по натпреварот беа мошне непријатни и ние ги осудивме провокациите и насилството, рече Бушати за време на посетата на Лондон.

– Но јас верувам дека е важно да се гледа во иднината и да се отвори ново поглавје во односите меѓу Албанија и Србија, што според мене би било клуч за демократската стабилност во регионот и неговото напредување кон ЕУ, изјави шефот на албанската дипломатија и додаде дека ќе бидат вложени напори кревките односи на Балканот да се врата на вистинскиот пат.

Средбата на албанскиот премиер Еди Рама со српскипт премиер Александар Вучиќ е одложена по инцидентот на натпреварот за 10 ноември. Тоа ќе биде прва посета на еден албански лидер на Србија во изминатите 68 години. 

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски