Бугарија прогласи двајца руски дипломати за непожелни

Од:

Бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата и им даде рок од 72 часа да ја напуштат државата.

Таква нота му била предадена на заменик-шефот на руската амбасада.

Министерството за надворешни работи добило писмо од Обвинителството на Република Бугарија во кое се вели дека двајцата дипломати вршат активности во државата несоодветни со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Првиот е Александар Зинкин, а вториот е со Максим Рибкин. Тие добиле тајни документи на НАТО, веројатно предадени од шпионската група на Иван Илиев, јавија бугарските медиуми.Тие имаат врски со истрагата против уапсените пораднешни и сегашни бугарски разузнавачи. За 1,5 година бројот на протерани руски дипломати од Бугарија е осум.

Сепак, во соопштението од МНР на Бугарија и од обвинителството не се наведува дали двајцата руски дипломати биле вклучени во акциите на обвинетите за шпионирање за Русија, поранешни и сегашни воени лица, за кои државното обвинителство даде прес-конференција во петокот.
Амбасадата на Руската Федерација во Бугарија изјави дека „овој неоправдан демарш на бугарските власти нема да придонесе за понатамошно воспоставување на конструктивен руско-бугарски дијалог. Руската страна го задржува правото да возврати“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит