Бугарија го укинува задолжителното носење заштитни маски

Од:

Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев изјави денеска дека е укината мерката за задолжително носење заштитни маски за лице, во затворен и на отворен простор.

Тој рече дека мерката е воведена во понеделникот за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, но поради немање на јавен консензус, мерката ќе остане само препорака.

Тој најави дека Бугарија ќе купи еден милион маски Ffp2 или Ffp3, што ќе ги дистрибуира до регионалните служби за да ги добијат и луѓето кои не можат да купат маски.

Ананиев додаде дека во наредните три недели домашното производство на заштитна облека и маски ќе биде приоритет и дека Бугарија повеќе нема да зависи од другите земји и оти сите произведени маски веднаш ќе бидат дистрибуирани пред се на лекари и здравствени работници.

И Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја повтори препораката заштитни маски да носат само заразените лица.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации мајкл рајан изјави дека носењето маски за лице, во случај на нивно неправилно носење, може да нанесе повеќе штета отколку корист во борбата против коронавирусот. Рајан ја повтори препораката на СЗО дека заштитни маски треба да носат само луѓето кои се болни, за да не ја шират заразата или здравствените работници, на кои им се неопходни.

Нема конкретен доказ кој би укажувал дека масовното носење маски носи каква и да е корист. Всушност, постојат извесни докази кои го навестуваат спротивното, потенцираше тој во Женева.

Тука е и глобалниот проблем со недостиг на маски и друга медицинска опрема. Луѓето кои се најмногу изложени на здравствен ризик се здравствените работници, потенцираше Рајан.

Би можело да ве интересира

Ковачевски држеше лекции по Устав: Македонците во Бугарија треба индивидуално да си го остварат правото на самоопределување

Орце Костов

Само 169 Бугари од Македонија ќе гласаат на изборите во Бугарија, во Охрид не се пријавил ниту еден

Орце Костов

(ВИДЕО) Еден човек загина во масовна тепачка со секири и мотики на пазар во Бугарија

Горан Наумовски

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Павлова-Николовска

Бугарија пред банкрот, доцни влезот во еврозоната

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 92-годишен Бугарин возел пијан, без дозвола и со нерегистриран автомобил: Не знам за што ме сопреа!

Орце Костов