Брнабиќ остро на Ескобар: Која резолуција важи или да погледнеме во хороскопот

Од:

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ја презел улогата на Советот за безбедност на Обединетите нации и дека тој е уште еден политичар кој е против важечката резолуција 1244. Таа на Твитер праша да ако не важи ниту една резолуција и договор, дали Србија треба да го следи хороскопот на триото „Големите лидери“ за да помогне во спасувањето на светскиот мир, јави дописникот на МИА од Белград.

-Гледам дека мојот пријател Гејб Ескобар е уште еден политичар кој е категорично против актуелната Резолуција на Советот за безбедност на ОН. Тој ја презеде улогата на Советот за безбедност и едногласно со министерката за надворешни работи на Германија и министерката за молчење фон Крамон, позната и како известувач на ЕП за Косово, ја поништи Резолуцијата 1244 на ОН, напиша Брнабиќ на Твитер.

Во серијата твитови за Ескобар, германската министерка Аналена Бербок и Виола фон Крамон, Брнабиќ додаде дека оваа тројка ќе одлучува за сите глобални прашања, без да има потреба да организира состанок на Советот за безбедност, кој, како што наведе, е дел од мерките за штедење.

-Ако можам да поставам едно прашање (со должна почит кон овие големи лидери), дали Резолуцијата 1244 повеќе не важи (затоа што вам не ви се допаѓа и затоа, кому му е гајле за тоа) и ако Бриселскиот договор не постои (како што вели Курти, а вие големите лидери никогаш не сте ги побиле неговите зборови)… И ако Вашингтонскиот договор не е ништо друго освен минато (едноставно веќе не е во мода), а Повелбата на ОН не важи за Србија (затоа што вие почитувани лидери, мислите дека не треба), тогаш според кој договор, резолуција, принципи треба да постапиме?

Или едноставно треба да го следиме вашиот хороскоп за да ги погодиме вашите желби и да помогнеме да се спаси мирот во светот, напиша Брнабиќ на Твитер.

„Ви благодарам за одвоеното време, можам само да замислам колку е тешко да се управува со светот наместо Обединетите нации“, заклучи Брнабиќ во својот одговор до Ескобар.

Американскиот претставник за Западен Балкан, кој денеска во Приштина се сретна со премиерот на Косово, Албин Курти, а утре доаѓа во Белград, изјави дека САД категорично се противат на враќањето српски сили на Косово.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Ескобар: Ми измина мандатот, лажна вест е дека сум отпуштен

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски