Брнабиќ: Ќе се затворат ноќните клубови во Белград поради коронавирусот

Од:

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вечерва на телевизијата „Пинк“ рече дека на седницата на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, што е закажана за утре, ќе се воведат нови епидемиолошки мерки.

– Тоа ќе бидат мерки што се во согласност со она што го видовме во некои локални самоуправи, како што се Нови Пазар, Крагуевац, Ужице, Врање и ќе гледаме тоа да не бидат мерки за целата територија на Србија, туку таму каде што имаме проблем. Тие сигурно ќе бидат воведени во Белград, бидејќи повеќе од две третини се заразени и тоа претежно е помладата популација, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека мерките ќе се однесуваат и на затворањето на ноќните клубови.

– Веројатно ќе се затворат клубовите, ќе размислиме за рестораните. Економијата мора да продолжи, рестораните и клубовите се дел економијата, од буџетот на државата се плаќаат пензии. Секако нема да бидат во толкава мера рестрикциите и затворањата како што беше претходно, објасни премиерката.

Брнабиќ додаде дека нејзините колеги кои се заразени со коронавирусот се чувствуваат добро и дека меѓу нив нема нови случаи на заразување.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов