Брнабиќ го предупреди Бошњачкиот национален совет да не си игра со толеранцијата на Србија

Од:

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ од САД каде што е во посета со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ упати порака до Бошњачкиот национален совет во Нови Пазар да не си игра политика, но и со толеранцијата на државата.

Таа истакна дека треба да се почитува Законот за националните совети на националните малцинства со кој му се забранува на членовите на Советот да се занимаваат со политика.

Брнабиќ нагласи дека националните совети ги претставуваат сите припадници на едно национално малцинство, а не поединечни политички партии или интереси во чие име не може да настапуваат.

-Да се повикува директот на училиште во Нови Пазар во Бошњачкиот национален совет, како што некој тоа го направил, на некој настан кој се нарекува „свечена седница“, а по повод доаѓањето на личност која се нарекува „министер за надворешни работи“ на нашата покраина Косово и Метохија претставува јасно и флагрантно кршење на законите на Република Србија и злоупотреба на функцијата и мандатот на советот на национални малцинства, рече премиерката Брнабиќ.

Таа ги предупреди првите луѓе на Бошњачкиот национален совет да не го злоупотребуваат во иднина советот.

-Вакви иницијативи се во директна спротивност со целта на постоењето и делувањето на националниот совет. Ги повикувам првите луѓе на Бошњачкиот национален совет да не собираат евтини политички поени на сметка на стабилноста и да не ја злоупотребуваат толеранцијата и разбирањето на Владата на Србија, реагираше Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Земјотрес во Нови Пазар

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца