Брисел ја предупреди Турција поради можната забрана на прокурдска политичка партија

Од:

ЕУ денеска го осуди непочитувањето на основните човекови права во Турција и ја предупреди Анкара дека со забрана на главната прокурдска партија ќе го изгуби кредибилитетот дека е посветена на реформите.

Шефот на европската дипломатија, Joзеп Борел, предупреди дека можната забрана на Демократската партија на народот (ХДП), втората најголема опозициска партија во Турција, „ќе значи кршење на правата на милиони гласачи во Турција“.

Обвинителот на Врховниот суд во Турција поведе судска постапка за затворање на оваа партија.

-Иницијативата дополнително придонесува за загриженоста на Унијата во врска со слабеењето на почитувањето на основните права во Турција и го поткопува кредибилитетот за декларираната заложба на турските власти за реформи, рече Борел.

Претседателите на двете европски институции, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, денеска преку видое врска треба да разговараат со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Борел е одговорен за подготовка на извештајот за состојбата во односите меѓу ЕУ и Турција, што на лидерите на ЕУ ќе им биде презентиран на самитот на 25 и 26 март.

За истиот повод и САД, исто така, ја предупреди Турција.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски