Брисел: Дачиќ и Тачи на прагот на нов договор

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изјави вечерва дека предлог-решенијата за прашањата околу телекомуникациите и енергетиката се речиси финализирани, а разговорите во врска со тоа ќе продолжат за време на нејзината престојна посета на Белград и Приштина, утре и задутре.

– Од суштинско значење е работата за примена на Бриселскиот договор да продолжи во престојните недели и месеци, како што е предвидено со Планот за имплементација.

Задоволна сум што двајцата премиери ја потврдија посветеноста кон оваа цел, се наведува во соопштението на Ештон по состанокот.

Ештон денеска имаше прво билатерални средби со српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, а потоа е одржан заеднички состанок.

По завршувањето на разговорите Дачиќ истакна дека тие биле многутешки, но дека дошло до извесен напредок по сите прашања.

Тачи вечерва изјави дека е постигнат суштински, но не и комплетен, напредок за електричната енергија и телекомуникациите. На дневниот ред на 13-та рунда од дијалогот се наоѓале сите прашања поврзани за имплементацијата на Бриселскиот договор, вклучувајќи ја струјата, телекомуникациите и останатите ставки околукои на техничко ниво досега не е постигнат договор, но и законот за амнестија.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски