Братушек се повлече, Словенија ќе даде нов кандидат за еврокомесар

Од:

Поранешната премиерка на Словенија, Аленка Братушек, попладнево се повлече од кандидатурата за потпретседател на Европската комисија и комесар за енергетика, јави дописникот на МИА од Брисел. Идниот претседател на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер потврди дека предмалку Братушек му соопштила дека дава оставка на местото комесар во процес на избор, откако во понеделникот целосно потфрли при сослушувањето во Европскиот парламент, по што дури 112 европратеници гласаа против нејзината номинација, а само 13-мина се изјаснија за нејзината кандидатура.

– Ја почитувам одлуката на Братушек да отстапи од кандидатурата. Нејзината одлука ја покажува нејзината посветеност на Европската унија, на Словенија и на демократските процеси. Со оваа одлука, таа ми помогна да ја финализирам композицијата на Европската комисија, заедно со Европарламентот и со Советот – истакна Јункер.

Според наследникот на Жозе Мануел Барозо на чело на неформалната Влада на Европската унија, тој е во постојана комуникација со новиот премиер на Словенија, Миро Церар, како и со лидерството на Европарламентот за ова прашање.

Досегашниот словенечки комесар Јанез Поточник, заедно со европарламентарките Тања Фајон и Романа Јордан, наводно, ќе бидат кандитите од кои до крајо тна неделава, Јункер треба да избере кој би заминал идната недела на сослушување пред надлежните комитети во ЕП (зависно и дали и за нив останува комесарското место за енергетика), со оглед на тоа што се очекува новиот состав на Еврокомисијата д абиде избран на закажаната седница на пленарната сесија на европскито законодавен дом за 22-ри овој месец во Стразбур.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он