Брамерц: Најважно е што поскоро да се донесе пресудата за Шешељ

Од:

Во овој момент е најважно Хашкиот трибунал што поскоро да ја донесе пресудата за Воислав Шешељ, кој е обвинет за воени злосторства, бидејќи неговото однесување предизвикува напнатост во регионот, изјави хашкиот обвинител Серж Брамерц.

Во интервју за „Дневни аваз“ тој кажа дека очекува и судењата на другите хашки обвинети, посебно на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, да се завршат во предвидените рокови.

Брамерц потсети дека претседателот на судот во Хаг, Теодор Мерон, во декември го информира Советот за безбедност на ОН дека пресудата за Караџиќ се очекува до октоври годинава, додека првостепената пресуда за Младиќ се очекува по март 2017 година.

Тој потсети дека Хашкиот трибунал покрена обвиненија против 10 лица кои командувале и учествувале во злосторствата над Бошњаците во Сребреница, меѓу кои се и Караџиќ и Младиќ.

-Иако тоа не го сторивме, а не ни можевме кривично да ги гониме сите оние кои се одговорни за геноцидот во Сребреница, покажавме дека тие кои ќе сторат геноцид ќе бидат повикани на одговорност и казнети, истакна Брамерц, при што ја нагласи важноста националните судови да продолжат со процесуирање на сите учесници во злосторствата, кои се уште не се соочени со правдата.

Тој додаде дека целосно ги разбира критиките кои му ги упатуваат членовите на здуженијата на жртвите од војната бидејќи и самиот смета дека правосудството, како на национално, така и на меѓународно ниво, не секогаш ги исполнува сите нивни очекувања.

-Секое правосудно тело треба да ги слуша жртвите на сите страни и сериозно да размисли за нивните критики. Жртвите не потсетуваат дека нашата работа многу им значи, на нивните семејства и општеството, заклучи главниот хашки обвинител.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ