Брамерц: Ќе ја разгледаме одлуката за ослободување на Младиќ за геноцид во шест општини

Од:

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серџ Брамерц, по изрекувањето на пресудата на поранешниот командант на војската на Република Српска Ратко Младиќ на доживотна казна затвор, рече дека таа пресуда е важна бидејќи се случува во време кога злосторствата се зголемуваат.

Според него, како што јави ФЕНА, само жртвите се вистински херои.

Тој најави дека Обвинителството на Хашкиот трибунал ќе ја разгледа одлуката за ослободување на Младиќ за геноцид во шест општини.

– Ние ќе ја преиспитаме таа одлука. Советот, сепак, утврди дека во тие општини се извршени злосторства против човештвото и дека Младиќ е виновен за тоа, истакна Брамерц.

Тој смета дека ќе има тврдења дека денешната пресуда е против српскиот народ, но дека, сепак, ова е вина на Младиќ.

Би можело да ве интересира

Ратко Младиќ се онесвестил во Хаг: Итно бил пренесен во болница

Горан Наумовски

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Одбиено е барањето Ратко Младиќ да се префрли на лекување во Србија

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска