Борисов: Не се плашиме веднаш да поднесеме оставка, но ако тоа го сториме последиците ќе бидат катастрофални

Од:

Нас не ни е непријатно веднаш да поднесеме оставка, но ако тоа го направиме, последиците ќе бидат катастрофални, изјави премиерот Бојко Борисов во одговор на прашање од прес конференција во Министерскиот совет.

-Не гледам смисла тоа да го направам сега, им одговорив на барањата на демонстрантите, изложени во денешното писмо, образложи Борисов. „Ако луѓето не не сакаат тоа е друга тема, но јас нема да поднесам оставка, заради Станишев и Доган, туку ќе се борам со нив до крајот, и во опозиција, пак ќе се борам“, додаде тој.

Запрашан дали ќе има предвремени избори доколку протестите продолжат, Борисов изјави дека до изборите остануваат четири – пет месеци. Тој, меѓутоа, посочи дека ако луѓето не се смират, и покрај предложените мерки, за власта е подобор да има избори што е можно побрзо.

„Ако останеме, ќе ги собираме само последиците на студот, зимата и високите цени“, дополни Борисов.

Бугарскиот премиер изјави дека нема да учествува во служебната влада со БСП и ДПС, као што предлага Иван Костов.

-Доколку има служебна влада, во никој случај нема да се фатам на играта на Костов, кој уште еднаш покажа дека е многу врзан со црвените и ДПС, бидејќи тој ми предложи да останам во коалиција во парламентот со ДПС и БСП за програмска влада, рече Борисов.

Вицепремиерот Цветан Цветанов можно е да не биде шеф на предизборниот штаб на ГЕРБ, рече премиерот во одговор на прашање дали Цветанов ќе си поднесе оставката како министер, доколку биде утврден на оваа функција.

Ако министрите не работат брзо и квалитетно, и создаваат проблеми, премиерот рече дека ќе продолжи со промените во кабинетот.

Би можело да ве интересира

Бугарската десничарска партија не успеа да формира влада

Горан Наумовски

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов

ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он