Борис Тадиќ ќе се кандидира за генерален секретар на ОН

Од:

Поранешниот српски претседател и лидер на Социјадемократската партија Борис Тадиќ планира да се кандидира за генерален секретар на Обединети нации, објави белградскиот весник „Вечерње новости“.

Според неофицијални информации од дипломатски извори Тадиќ ги користи старите врски и лобира за својата кандидатура, а неодамна побарал поддршка и од Франција.

Советничката на Тадиќ, Марина Комад изјави дека таквите информации се медиумски шпекулации.

– Борис Тадиќ не размислувал за кандидатура за генерален секретар на ОН. Неговата политичка активност е насочена пред се кон внатрешната политика и опозициското дејствување, посочи Комад.

И Тадиќ изјави дека не планира да се кандидира за генерален секретар на ОН, оценувајќи дека тоа се дезинформации на „режимските медиуми“ кои се обидуваат да ја ослабнат опозицијата.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија