„Блиц“: Секој жител на Србија задолжен од државата дополнително за речиси едно евро

Од:

Државата го задолжила секој граѓанин на Србија во 2014 година дополнително со речиси едно евро дневно, објави Блиц.

Во 2015 година Србија влезе со долг од вкупно 22,74 милијарди евра.

„Иако беше тешко да се наведе дека долговите може да се препакуваат, односно дека Владата ќе работи на тоа старите кредити да ги замени со нови, со пониска камата, засега нема ништо од тоа“, наведува весникот.

Во моментот каматите во светот се на најниско ниво.

Граѓаните на Србија за годишно добиваат од банките 1,5 отсто камата, додека државата на истите тие банки во Србија им исплаќа камати од 7,5 отсто на кредити земени во 2010 или 2011 година.

– Во зависност од приходите во буџетот во оваа година, ќе се разгледа можност за предвремено исплаќање на кредитите кои може да се сметаат за неповолни, велат од Министерството за финансии во изјава за весникот.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија