„Блиц“: Повеќе од половина лекари во Србија се депресивни

Од:

Српските лекари се почесто бараат помош од психијатар поради депресија, која 57 отсто од нив ја имаат во различни облици. Дури 7,7 проценти од лекарите имаат депресија која бара лекување, а загрижувачки е податокот дека 3,8 отсто имаат суицидни идеи, пишува денеска весникот „Блиц“.

Пред се станува збор за докторките кои имаат трипати повеќе самоубиствени намери отколку другите жени во Србија, покажуваат резултатите од првото истражување извршено во земјата, а кое се занимава со здравјето на лекарите.

– Тргнав во истражувањето за да дознаам дали лекарите живеат квалитетно во своето слободно време. Дојдовме до заклучок дека ниту една прослава не може да помине без разговор за здравјето, совети и, што е уште потрагично, оние кои не прашуваат да го решиме нивниот проблем за истото консултирале уште два-три лекари, објаснува доктор Небојша Илиќ, психијатар во Здравствениот дом во Ниш, кој работел на истражувањето.

Истражувањето, кое се занимава со квалитетот на животот на лекарите, депресијата и анксиозните состојби, е спроведено меѓу вработените во здравствените домови „Ниш“ и „Вождовац“, но според Илиќ резултатите можат да се применат и на сите лекари во здравствениот систем на Србија.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија