„Блиц“: Ивица Дачиќ покрена постапка поради скриената камера

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ покрена постапка за казнување на одговорните поради пропустите кои довеле до тоа тој да биде жртва на скриена камера, изјави специјалниот советник на премиерот за национална безбедност Ивица Тончев за „Блиц“.

Тој наведе дека Дачиќ не дозволил да се емитува спорната снимка на која водителката без гаќи го интервјуира премиерот.

– Целиот слуичај ќе биде целосно испитан, посочи Тончев додавајќи дека скриената камера „е потсмевање со Србија, а не со премиерот“.

Тој истакна дека луѓето од „Невозможна мисија“ на ТВ Коперникус „ја злоупотребиле довербата и пријателството што премиерот го има кон новинарите“.

Тончев наведува и дека Дачиќ ќе ги искористи и законските основи за да ги санкционира тие што го прекршиле законот или новинарскиот кодекс.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on