Белград: Нема да дозволиме да вперуваат прст во Србија

Од:

Српската Влада денеска соопшти дека нема да дозволи пресудата за поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ да биде употребена против српскиот народ.

Српскиот министер за правда Никола Селаковиќ читајќи го соопштението на Владата истакна дека секое злосторство мора да биде казнето како и кој било поединец кој учествувал во него, но оти недозволиво е какво било политизирање и префрлување на колективна вина на поединечни народи поради злосторства кои ги направиле луѓето со име и со презиме, пренесува Танјуг.

Селаковиќ посочи дека Владата на Србија не сака да реагира на содржината и образложението на која било поединечна пресуда на Хашкиот трибунал, но оти останува горчливиот вкус поради фактот дека тие кои се творци на политиката на злосторства кон Србите „речиси на никаков начин не се казнети“.

– На никого нема да му дозволиме првостепената пресуда против поранешниот претседател на РС да се употребува како причина за вперување на прст против нас и нашите сонародници и јасно напоменувам дека оваа пресуда не може да биде употребена со цел за загрозување на слободата и опстанокот на нашиот народ во РС, посочи Селаковиќ.

Тој потенцира дека српската Влада изразува длабоко жалење за сите жртви на воените судири на просторот на поранешна Југославија и дека подеднакво ги осудува злосторствата кои ги сториле припадниците на српските единици, како што ги осудува и злосторствата направени над Србите, како во Хрватска, така и во БиХ. 

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија