Белград и Приштина постигнаа договор за слободно движење

Од:

Работните групи на Белград и Приштина постигнаа синоќа договор за слободно движење, кој се однесува на аеродромот „Никола Тесла“ и уште пет гранични премини меѓу Србија и трети земји, изјави Маја Кочијанчич, портпарол на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност.

– Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ја поздравува одлуката на Белград да ја прошири спогодбата за слободно движење на меѓународниот аеродром „Никола Тесла“ и пет премини со Хрватска и Унгарија, се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

Европоски дипломатски извори велат дека граѓаните на Косово отсега ќе можат со привремени патни документи преку Србија да патуваат во трети земји преку аеродромите и копнените гранични премини со Хрватска и Унгарија, јави Танјуг.

Според соопштението спогодбата би требало да биде спроведена во рок од два месеци.

Членовите на работните групи, кои во Брисел преговараа на оваа тема не се обратија до јавноста, а во соопштението од Европската служба се наведува дека ова е уште една мерки, која би требало да придонесе за нормализација на односите и слободното движење на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски