Барале марихуана во подрум, пронашле зеленчук

Од:

По изјава на еден ученик во основно училиште во Словенија дека неговото семејство во подрумот, под сијалици одгледува растенија, словенечката полиција десет часа вршела претрес, но наместо „сомнителни билки“пронашла хидропонски одгледуван зеленчук.

Како што пишува љубљанско „Дело“, наставникот по географија го информирал директорот на училиштето за изјавата на момчето, а тој полицијата со образложение дека станува збор за сомнителни „зелени растенија“.

Директорот Душан Мерц изјавил дека не направил ништо погрешно и дека бил должен да пријави во полиција, додека семејството е огорчено и најавува дека ќе го испише синот од училиштето, бидејќи неправедно е „стигматизиран“.

Инаку како што пренесе „Хина“ директорот му се извинил на ученикот поради лажната пријава.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он