Бараат ВЕТО за Македонија во ЕУ поради натепаниот секретар на клубот „Борис Трети“

Од:

Инсистирам да се стопираат процесите за почеток на преговори за членство меѓу Северна Македонија и Европската Унија, напиша Европратеникот на бугарската ВМРО, Ангел Џамбаски на фејсбук и објави фотографија од писмото кое го испратил до Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, додавајќи дека испратил сигнали до Европската комисија, Европскиот парламент и Судот на правдата.

Џамбаски нападот го опишува како „обид за убиство, мотивиран исклучиво од етничка омраза кон Бугарите во Македонија, што несомнено е напад врз македонски Бугарин во Охрид, бидејќи е Бугарин. Џамбаски во својот статус вели

„Европската унија извршила огромен притисок врз Бугарија да и дозволи на нереформираната Северна Македонија да преговара за членство во Унијата. Ни зборуваа за европските вредности, дури и претседателот Макрон го даде својот предлог и Бугарија се согласи. Еве го резултатот. Половина година подоцна Бугарин од Македонија е во болница по обид за убиство. Затоа инсистирам на итна реакција од европските институции. Дали треба да се убие некој за да заземе адекватен однос од страна на Европската Унија против систематското кршење на човековите права?! И да не заборавиме! За овој напад директно се одговорни извршителите и нивните поттикнувачи од српско-болшевичката пропаганда во Скопје. Но, индиректно виновни се националните предавници од „Коалицијата Макрон“ во Софија“

Барање за вето на Македонија има и од клубот „Патриотизам, татковина и знаење“ кој присуствуваа на денешниот протест. Нивниот преставник изјави

„Ова е уште еден таков случај откако имаше напад со огнено оружје врз бугарски клуб“, се сеќава тој. Владимир смета дека треба да има официјална реакција на европските институции „да кажат дека интеграцијата на РСМ не може да продолжи додека не се решат проблемите“ од македонските власти.

Покрај острите реакции од бугарските политичари, бугарското МНР достави и протестна нота до амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

Би можело да ве интересира

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Протест за Бекир Каридески во Софија: Немам дилеми дека Македонија е бугарска порача Џамбаски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Млад битолчанец се повреди при обид да симне бугарско знаме

Орце Костов

Обвинение за „шефот“ на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, ја навредил еврејската заедница во Македонија

Горан Наумовски

МВР го расчисти случајот со претепувањето на копретседателот на бугарскиот клуб во Струга

Џамбаски: Владата во Скопје лобира во Брисел, во лажирањето на извештајот се вклучени и европратеници

Орце Костов