Автоцензурата е сестра на лагата

Од:

Бука – Сараево

„Таа својата работа ја врши поефикасно од секоја цензура“ – Данило Киш

Тоа прво се случи со литературата во Србија, а по мај 2012 година се пренесе и на поширокото дискурзивно поле, пред се на медиумското кое многу брзо се прилагоди на новите услови на политичкото лимитирање на дистрибуцијата на информации.

Само мал број печатени и електронски медиуми останаа надвор од таа зона, но затоа постојано се под политички притисок и обвиненија дека се работи за „платеничко”, „непријателско” новинарство. Еден неодамнешен настан и реакцијата на медиумите претставуваат школски пример на автоцензура, каде лошиот ефект е многу запоставен во јавните дебати за слободата на говорот под власта на напредњаците и нивниот лидер.

Таа обично доаѓа по јавни манифестации на цензорските активности, отворени забрани на емисии, исфрлувања на новинари од редакции, ненадејни промени на програмската шема според императивот на годишното време, како што беше случај со Б92 во случајот „Впечаток на неделата” или актуелното одбивање на серијалот „Мое право” на Бојана Маљевиќ поради „специфичниот момент”. Всушност, тој момент во околности на капиларно раширена цензура во едно општество може за секогаш да остане специфичен, а одлуките на редакциите кои се повикуваат на вакви изговори само се симптоми за подлабока патологија која нема врска со тоа кој го направил моментот толку специфичен.

За цензурата Данило Киш пишуваше во дамнешната 1985 година како за појава „која не го признава своето постоење и сака да се прикрие во сенката на демократските институции кои вршат и други функции (издавачки и новинарски редакции и совети) или да се супституира во личност на директор на издавачки куќи и весници, уредник на колекции, рецензент, лектор”. Нејзиното постоење Киш го сметал како „симптом на една хронична болест која се развива паралено со неа – автоцензурата”.

Случајот кој се случи последните денови е предизвикан од еден остар настап на академикот Љубомир Симовиќ на инаку безболна прослава по повод 90-годишнина на Српскиот ПЕН центар. Сето тоа беше замислено да помине во најдобар ред, со пригодни говори на министерот Владан Вукосављевиќ и претседателката на домашниот ПЕН, Вида Огњеновиќ.

Од останатите членови на оваа организација не се очекуваше ништо друго освен да го следат зададениот курс, исто како што го следеа во зимата 2012 година, кога еден член на ПЕН, писателот Сретен Угричиќ беше изложен на јавен линч и протерување не само од местото директор на Народната библиотека на Србија, туку и од земјата. Меѓу потписниците на тогашната покрената петиција за поддршка на Угричиќ најмалку членови имаше од Српскиот ПЕН. Но, тоа повеќе не е важно, како што не е важно ни тоа што никој од присутните, во текот на патетичните присетувања на годините кои требаше да се проживеат, не се сети на зимата кога Српскиот ПЕН центар изврши ритуално самоукинување.

Говорот на контроверзниот академик Љубомир Симовиќ, кој помина долг творечки пат, од Битката на Косово, кој поддржа цела генерација варвари, меѓу кои и Црвените баретки кои делови од неговиот текст ги пееја како своја химна (Христе боже), се до детектирањето на „Враќање во варварството”, како што гласеше насловот и рефренот на неговото излагање на наведената прослава. Некој би рекол дека меѓу овие две амплитуди постои некоја нераскинлива врска, но ни тоа сега не е важно, кога се наоѓаме во услови во кои од една страна речиси нема никој кој јавно би укажал на појава на варварство, додека од друга страна, нема можност таквото укажување на длабока патологија на политиката да се пренесе до јавноста, која е укината со декретот за „специфичен момент”. Говорот на поетот Љубомир Симовиќ, кој следеше по слатки зборови на болка и гордост на Вида Огњеновиќ и општите места на министерот Вукосављевиќ за „немирните времиња”, го активираше алармот за автоцензура кај многу медиуми кои ја пренесоа веста од овој собир.

Првата вест од прославата на ПЕН ја објави полуилегалниот Танјуг и тоа под името „Девет децении од постоењето на Српскиот ПЕН центар”. Структурата на оваа вест имаше три сегменти од кои првиот и најважен беше темелен на говорот на министерот Вукосављевиќ, кој главно изнесе полу вистини за историјата на ПЕН, а се во знак на добро расположение и убави желби за иднината на оваа организација. Вториот сегмент се однесуваше на скратената верзија на говорот на Вида Огњеновиќ, од кој беше издвоена само една реченица од учебник која гласи:

„ПЕН е неопходен како соборец во борбата за слобода на говорот, пишаниот збор и мислењата, а против војна, цензури, насилства и нехумани постапки”. Текстот се завршува со потсетување на годината на основањето на ПЕН 1926 година, како и на митскиот каталог на имиња на писатели кои учествувале во неговото основање (Андриќ, Црњански, Дучиќ, Исидора Секулиќ и други). Тоа беше всушност (авто)цензурурана верзија на настанот. Оваа „агенциска вест” послужи како алиби за автоцензурата на останатите медиуми кои со две раце го преземаа ставот на Танјуг за настанот, како што тоа го направи Б92. Инаку, самиот министер за култура кон средината на октомври ја пофали оваа агенција, дека според негово сознание „работи самостојно и на пазарот”. Меѓутоа, нејзината самостојност и нетранспаретното финансирање, на овие вести се покажаа како многу сомнителни.

За среќа, истата вечер веста за овој настан ја објави и Н1, така што еден дел од јавноста сепак беше запознат со реалните факти, пред се со критичкиот настап на академикот Симовиќ, кој ги наброја сите падови на владата на Вучиќ, од патологијата на урбаната политика (Белград на вода), преку медиумските, јазичните, културните, образовните, стопанските, се до фантомките во Савамала.

Овие две вести, две видувања на еден ист настан кој се случи во Белград на 24 ноември оваа година, укажуваат на тоа дека нешто сериозно не е во ред со политичкиот амбиент во кој се реализираат медиумските програми. Иако министерот Вукосављевиќ своевремено најави нова медиумска стратегија, која ќе ги реши сите проблеми, потсмевајќи се пред се на извештајот на ЕК кој укажа на лошите страни на медиумските слободи во Србија, изгледа дека овој процес влезе во својата терминална фаза.

„Политика“ дури во саботата на 26 ноември и тоа на редовната страница за култура ја пренесе „агенциската вест” за овој настан и тоа под името „Српскиот ПЕН – соборец во слободата на говорот”.

Интересно е што оваа вест никој не ја потпиша, туку се работи за хибриден извештај на Танјуг. Структурата на веста во Политика претставува интересен исчекор од слепилото на Танјуг.

Имено, тука е дополнувањето за настапот на академикот Симовиќ кој претставува типичен пример на замачкување. Од неговиот говор извлечени се и парафразираните изјави за ставање на книжевноста во резерват, една аллузија на изложбата на Нецензурирани лаги како и осуда за плагијатите на научните трудови.

Ова е необично и поради тоа што Политика, а посебно нејзиниот Културен додаток, е верен следбеник на животот и работата на писателите од ПЕН. Недела дена пред тоа, Културниот додаток дури како најава на големи дебати за статусот на критиката во културата која ќе се одвива под закрила на конференцијата на ПЕН, објави мала тематика за критиката денес и тука. Во саботата на 26 ноември, Политика беше преокупирана со некои други проблеми.

Затоа Данас истиот ден ја пренесе интегралната верзија на говорот на Љубомир Симовиќ под името „Враќање во варварството”. Со овој гест еден дел од публиката, заинтересиран за настаните во јавноста, надвор од зоната на отровното зрачење на Инфомер, Пинк, Б92 и останатите сателити, можеше да се обавести за критиката на власта која можеше да се слушне пред неколку дена во Белград.

Истиот ден и Блиц објави кратка вест за Собирот по повод 90 години од основањето на ПЕН. Насловот е преземен од Симовиќ, но затоа репрезентацијата на неговите идеи е таква што се стекнува впечаток дека Симовиќ зборуваше за општите проблеми за маргинализацијата на книжевноста, повикувајќи се на Елиотовиот став дека „народ на кого повеќе не му е дојдено до литературно наследство, станува варварски”. Ударниот наслов во текстот на новинарката Татјана Њежиќ гласи: „Власта сфати дека влијанието на книгата може да биде ефектно”. Ова всушност не значи ништо, како што и целиот текст го деформира реалниот критички капацитет на изговорените зборови. Излегува дека варварите на Симовиќ се всушност Елиотови варвари, кои во иста мера го мачат целиот свет, што всушност не е точно.

За склопување на интегрална слика за прославата на 90-годишнината на Српскиот ПЕН центар, треба многу повеќе напори од што беа во изминатите години. На читателот му е неопходна висока медиумска писменост и упорност на истражувач, секако под услов веќе на почеток да се посомнева во она што му го сервира „самостојниот” Танјуг и во тоа што на пример го зборува министерот за култура. Меѓутоа, такви луѓе се малку. Огромното мнозинство е препуштено на погубна „ментална манипулација со далекусежни последици по литературата и по човечкиот дух”. Нивните ѕидини одамна паднаа под наезда на варвари со фантомки, како „трите бараки во Савамала”.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија