Апостолакис: Не постои веројатност за инцидент меѓу Грција и Турција

Од:

Министерот за одбрана на Грција, Евангелос Апостолакис, ја отфрла можноста турските притисоци да кулминираат со сериозен инцидент меѓу двете земји.

Во интервју за грчката телевизија Антена, Апостолакис објаснува дека целта на Грција е да се спречи било каков инцидент и да се запрат турските провокации, јави дописничката на МИА од Атина.

-Веројатноста да произлезе инцидент секогаш постои, тоа не е од сега. Во овој момент, комбинирајќи го сето она што се случува, некои сметаат дека може турскиот притисок да доведе до сериозен инцидент. Мое мислење е дека не е толку веројатно бидејќи Турците имаат многу работи со кои треба да се соочат. Не сакаат да додадат и нешто друго, објаснува Апостолакис.

За подготвеноста на грчката армија, министерот за одбрана на Грција вели дека „со толку прекршувања секој ден, со толку загриженост во Егејското Море, воздухопловните сили, морнарицата и армијата се во континуирана подготвеност“.

Во однос на активностите на Турција во кипарската економска зона, министерот за одбрана на Грција објаснува дека засега се направени многу чекори, веќе постои координација на активностите со Кипар, но и дека „меѓународната поддршка од Европската унија и од САД дојде по координираните активности“.

-Ако не запре, треба да продолжиме со дополнителни активности и, како што се согласија премиерот и Анастасиадис, на самитот да се обидеме да се наметнат санкции, барем во одреден момент да запре, вели Апостолакис.

На прашањето што е она што би можело на дипломатско ниво да ја повреди Турција, министерот за одбрана на Грција вели дека економијата е слабата точка.

-Нејзината економија е кревка. Се соочуваат со многу проблеми, па така сѐ што ќе ѝ се наметне на Турција како мерка што влијае на економијата, мислам дека сериозно ќе го земат предвид, објаснува грчкиот министер за одбрана.

За тоа како Грција би реагирала доколку Турција започне со активности и во грчката ексклузивна економска зона, Апостолакис објаснува дека земјата би ги презела сите потребни активности да не се случи тоа и не треба да толерира прекршување на суверените права.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ембаргото на продажба на оружје нема да ја запре турската офанзива

Трамп: Работиме на воведување силни санкции за Турција

Меркел побара Ердоган веднаш да ја запре офанзивата во Сирија

Татјана Ташкова

Турски медиуми: Сириските сили го зазедоа градот Сулук

Курдите тврдат дека убиле 75 турски војници во Сирија

Ердоган: Операцијата во Сирија ќе трае се додека не биде надмината заканата