Анкета: Словенците со умерен оптимизам во новата година

Од:

Околу 33 отсто од Словенците очекуваат идната година да им биде подобра од оваа, 24 проценти очекуваат да живеат полошо, додека останатите сметаат дека новата година нема да донесе поголеми промени, покажува анкетата на љубљанскиот дневен весник „Дело“.

Очекувањата во однос на минатата година се малку пооптимистични и се врз основа на податоците според кои Словенија минатата година по повеќе години оствари раст на БДП, што најавува излез од рецесија.

Според 37 проценти од граѓаните минатата година била успешна, 30 отсто сметаат дека идната година ќе биде економски неуспешна за државата, наспроти 25 проценти кои очекуваат економски успешна година, а останатите не очекуваат поголеми промени.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он