Анкета: Миро Церар со намален рејтинг, но повторно би победил на изборите во Словенија

Од:

Словенечката демократска партија на Јанез Јанша, која е водечка опозициска партија во Словенија, по два месеци застој забележа зголемување на рејтингот во однос на главната партија во владејачката коалиција, Партијата на модерниот центар на премиерот Миро Церар, покажува анкетата на љубљанскиот весник „Дело“.

Партијата на Јанша ја поддржуваат 13,1 отсто, а партијата на Церар 11,5 проценти од учесниците во телефонската анкета, спроведена минатата недела.

Поддршката на СДП се зголемила за една третина во однос на минатиот месец, додека партијата на премиерот загубила една четвртина од поддршката на граѓаните.

Зголемувањето на популарност на водечката опозициска партија се должи пред се на мошне острата реторика на Јанша против Владата и политиката кон бегалците, како и од стравот од мигрантите меѓу локалното население, додава „Дело“.

Јанша тврди дека Словенија како заштитник на шенгенската граница трбала да стави ограда од бодликава жица на границата со Хрватска веднаш откако тоа го сторила Унгарија.

Церар до неодамна имаше полибарел однос кон мигрантите, но изминатите денови прозна дека Владата дозволува поставување на „технички направи“ поради неконтролираното навлегување на мигрантите, доколку ЕУ не пронајде решение за мигрантската криза.

И покрај падот на рејтингот на владејачката коалиција на евентуалните избори таа би добила 41 проценти од гласовите, додека за конзервативната опозиција би гласале 39 отсто.

Работата на Владата е оценета позитивно од 23,5 отсто од анкетираните, додека негативно се изјасниле 46,5 отсто.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он