Анкара тврди дека распоредот на седиштата бил по барање на ЕУ, ЕУ не коментира

Од:

Дипломатскиот инцидент со одвоеното седиште за претседателката на Европската Комисија во Анкара не стивнува, Анкара се брани дека нападите се неосновани.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека “барањата на ЕУ биле почитувани“ и дека распоредот на седиштата е направено по барање на ЕУ.

-Нашата протоколарна служба и таа на ЕУ се сретнаа претходно и нивните барања беа почитувани, изјави шефот на турската дипломатија.

Во јавноста во ЕУ во меѓувреме ова се претвори во “Софагејт“ со силни критики кон турскиот претседателот но и кон претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, кој на снимката без колебање седнува до турскиот претседател, додека претседателката Урсула фон дер Лајен се гледа видно збунета од распоредот на столиците, поради кој таа е приморана да седне на страна на софата, далеку од соговорниците.

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, стои на ставот дека фон дер Лајен и Мишел имаат ист протоколарен статус, но одби да ја коментира изјавата на Чавушоглу на денешниот брифинг за новинари во Брисел.

-Европската Комисија сака да ги пренесе пораките што има да ги пренесе и сликата на единство што се гледа на прес конференцијата што ја одржаа претседателите заедно како и сликите на социјалните мрежи покажуваат дека посетата се одвиваше совршена, и треба да се концентрираме на пораката што имаме да ја пренесеме, изјави Мамер.

Тој призна дека во одредени случаи може да му се даде предност на едниот или другиот претседател, на пример за тоа кој прв зема збор на прес конференција, но инсистира дека протоколот ги третира двајцата претседатели еднакво.

-Не треба да се претера важноста што му се дава на ова случување, додаде Мамер.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски