Американскиот амбасадор во Атина ја пофали решителноста на Грција да најде дипломатски решенија за тензиите со Турција

Од:

Турските актвности и ситуацијата во Источниот Медитеран биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат.

-Многу ја цениме решителноста на Грција да најде дипломатски решенија за тензиите во Источниот Медитеран. И како што вчера рече државниот секретар Помпео, „не е корисно да се зголемува воената тензија во регионот“, напиша Пајат на неговиот официјален „Твитер“ профил, по средбата со Дендиас.

-Разговаравме за соработката меѓу Грција и САД и неодамнешните случувања во Источниот Медитеран, со акцентот на турските прекршувања, напиша на „Твитер“ министерот за надворешни работи на Грција.

Средбата Дендиас – Пајат беше на ден пред патувањето на шефот на грчката дипломатија во Њујорк, каде што утре ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, а се очекува разговорите да бидат околу темите што се од регионален интерес, но и за ситуацијата во Источниот Медитеран.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица