Аленка Братушек објави на Твитер и Фејсбук дека поднесува оставка

Од:

Словенечката премиерка Аленка Братушек денеска на Твитер и на Фејсбик објави дека поднесува оставка, откако ги загуби внатрепартиските избори за лидер на партијата Позитивна Словенија пред десет дена.

Во соопштението на Твитер, Братушек рече дека се надева на предвремени избори пред летото.

alenkaBratushekTwit

Левоцентристичката коалициска Влада на Братушек успеа да ја зачува земјата од меѓународна финансиска помош во декември, ставајќи околу 3,3 милијарди евра во банките зафатени од кризата.

Братушек би требало денеска на претседателот Борут Пахор и на претседателот на Парламентот Јанко Вебер, да им ја врачи својата оставка на функцијата.

По состанокот со коалициските партнери на Брдо кај Крањ во саботата, Братушек соопшти дека заеднички заклучок е дека најдобро за Словенија би било таа да поднесе оставка и што побрзо, уште пред летото, да се одржат предвремени избори.

Bm2ju8dIQAAq3t6

Братушек истакна дека политичката ситуација не е причина „за паника“, бидејќи нејзината Влада ги стабилизирала јавните финансии, а и оценката на економските прогнози до крајот на годината е подобра од претходните.

Словенечката опозиција, меѓутоа, ја критикуваше одлуката на Братушек и смета дека оставка требала да поднесе веднаш откако ги загубила изборите во партијата.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он