Албин Курти: Косовските државни институции да побараат друг американски претставник во разговорите со Србија

Од:

Лидерот на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти ги повика сите косовски политички и државни субјекти да му се спротивстават на специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за дијалогот со Србија, амбасадорот Ричард Гренел, со цел тој да биде заменет со американски претставник кој ќе понуди поквалитетни решенија за споровите меѓу Приштина и Белград.

Курти преку објава на својата Фејсбук-страница потсети дека спротивставувањето на косовските фактори во 1998 на тогашниот американски емисар за регионот, Роберт Гелбарт, кој ја нарече Ослободителната војска на Косово (ОВК) „терористичка организација“, резултира со негова смена и именување на Ричард Холбрук на негово место.

Таквото дејствување на тогашните албански политички субјекти, вели лидерот на косовската опозиција и доскорешен премиер, беше корисно за Косово и затоа, според него, денес треба „Ричард Гренел да биде заменет со еден нов Холбрук“.

– Што се однесува до специјалниот пратеник Гренел (…) сметам дека треба да постапиме исто како што постапивме со амбасадорот Гелбард кога во 1998 година рече дека ОВК е терористичка, значи да му се спротивставиме едногласно, за да сфати дека неговиот пристап е неприфатлив за нас. Тогаш нашето противење доведе до тоа Гелбард да биде заменет со Холбрук, што значи дека видовме корист од противењето. И денес треба Ричард Гренел да биде заменет со еден нов Холбрук, порача Курти.

За 2 септември е најавена средба во Белата куќа во Вашингтон на делегациите на Косово и Србија, предводени од косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ. Приштинскиот портал „Газета експрес“, повикувајќи се на неименувани дипломатски избори, објави дека е можно состанокот, кој го свика Гренел, да се одложи за два дена, со цел на него да учествува и претседателот на САД Трамп.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија