Албанскиот премиер на вечера со косовскиот државен врв

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама бил на заедничка вечера со косовскиот државен врв во домот на косовскот претседател Хашим Тачи.

Веста на Твитер ја објави Рама, а на вечера бил и Тачи, премиерот Рамуш Харадинај, претседателот на парламентот Кадри Весели, вицепремиерот Фатмир Лимај и министерот за надворешни работи Беџет Пацоли.

– Од оваа средба нема информци за што е разговарано, но се претпоставува дека во фокусот биле најжешките теми: Идејата за корекција на границите меѓу Косово и Србија и воведената 100 процентна царина за прозводите од Србија и од Босна и Херцеговина.  Додека САД и ЕУ се изјаснија против таквата одлука на косовската Влада, ова средба помеѓу премиерот на албанската Влада и косовските лидери, како да е во служба на унифицирање на ставот на двете земји со Албанци, наведува агенцјата „Балкан веб“.

Според истиот извор, средбата доаѓа во време кога односот меѓу претседателот Тачи и премиерот Харадинај се на највисоко ниво на влошување, како резултат на царините за српските стоки, но и ставот на Харадинај против идејата на Тачи за промена на границите на Косово.

Вечерата, додава Агенцијата, се одржала една ноќ по усвојувањето на косовскиот буџет за 2019 година и гласањето на Предлог-законот за дијалог.

– Засега не се знае дали Рама и Тачи успеале да го убедат Харадинај да ја укине царинската такса кон Србија и БиХ, воведена во ноедмври, се наведува во веста.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ ги укина визите за Србите од Косово

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар