Албански навивачи ја опколиле Амбасадата на Србија во Тирана

Од:

Албански навивачи ја опколија српската Амбасада во Тирана по инцидентот кој изби вчера на вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија што се играше во Белград.

Натпреварот беше прекинат откако на теренот влета летало со знаме на „голема Албанија“.

Под сомнение дека организирал и раководел со тој инцидент, беше уапсен, па пуштен Олси Рама, брат на албанскиот премиер Еди Рама, кој имал американски пасош, објави Блиц.

Очевидци за весникот тврдат дека Рама за време на приведувањето покажал американски пасош и изјавил: – Јас сум американски државјанин и ништо не ми можете. Кај Рама (45) бил пронајден далечински управувач со кој лично управувал со беспилотното летало кое го носело знамето.

Заедно со Рама биле приведени и останатите членови на албанската делегација која седела во ВИП ложата на стадионот. И тие се пуштени на слобода бидејќи „ не било можно да се обезбеди брабител заради штрајкот на адвокатите“. Обвинителството дополнитечно ќе одлучи како да постапува по тој случај.

Инциденти синоќа се регистрирани и во Виена каде Албанци кршеле излози од угоистителски објекти на Срби. Австриската специјална полиција, како што јавуваат локалните медиуми спречила поголеми судири меѓу Албанците и Србите во тој град.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски