Албанија: Власта ќе го отповикува претседателот Мета, ветил дека ќе се повлече ако социјалистите освојат 71 пратеник

Од:

Генералниот секретар и координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, најави дека по пребројувањето на гласовите од неделните избори, партијата ќе го започне процесот на отповикување на шефот на државата Илир Мета.

Преку објава на Твитер, тој иронизира дека мнозинството ќе ги „подготви неговите пензиски документи, да пие ракија свирејќи на чифтелија со Сали Бериша“.

На ова веднаш и со остар тон реагираше Мета, порачувајќи дека е подготвен да го потпише Указот за одбрана на Републиката.

– За најновата закана, која доаѓа преку претставникот на бандите во Елбасан и цела Албанија има само еден одговор: Претседателот е подготвен да го потпише Указот за заштита на Република. Албанија на Албанците. Смрт за предавниците, напиша тој.

Претходно Дамијан Ѓикнури, висок функционер на Социјалистичката партија, која обезбеди 74 пратенички мандати, побара од Мета да го одржи „даденото ветување дека ќе поднесе оставка доколку Еди Рама обезбеди 71 пратеник“.

Претседателскиот портпарол Теди Блуши, објави дека Мета на 24 јули 2022 година се враќа во неговата матична партија, Движењето за социјалистичка интеграција, индиректно ставајќи до знаење дека останува претседател до крајот на мандатот.

Потсетува дека Мета изјавил дека ќе поднесе оставка доколку Рама обезбеди 71 пратеник но на слободни избори и додава дека „сите знаат како Рама ги доби изборите – со сериозен изборен криминал“.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија