14-годишен српски ватерполист во тешка состојба, префрлен на респиратор поради коронавирусот

Од:

Директорот на српскиот Клинички центар во ковид болницата „Драгиша Мишовиќ“, проф. д-р Владимир Џукиќ, денеска предупреди на сериозна клиничка слика кај младите, поради коронавирусот.

Во болницата моментално се лечат 195 пациенти болни од Ковид-19, на интензивна нега се околу 60 пациенти, а повеќе од 30 се на некој режим на механичка вентилација.

Џукиќ за телевизија „Пинк“ рече дека сега на болничко лечење се многу повеќе млади луѓе со тешка клиничка слика, од она што било во првиот бран на коронавирусот.

„Старосната граница е поместена. Имаме 14-годишно момче, ватерполист, кој без придружни болести е префрлен на вештачка вентилација. Тоа е сериозна клиничка слика кај младите која се забележува во сите држави во регионот“, рече Џукиќ.

Во болницата моментално се лечат и десетина десетина деца.

„И кај децата се јавува посложена клиничка слика за разлика од претходно. Имаме многу повеќе деца со висока температура“, рече тој, додавајќи дека во вториот пик на вирусот потешка клиничка слика има и кај трудниците.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов