Зошто токму Лајка беше избрана да оди на пат без враќање

Од:

„Ја замолив да ми прости и ја погалив по главата за последен пат“, се сеќава рускиот биолог Алилија Котовска (90) на денот, кога за последен пат се поздрави со Лајка пред да оди на пат кон вселената.

Уличното куче Лајка се запиша во историјата како прво живо суштество кое ја напушти земјината атмосфера на пат без враќање.

На 3 ноември 1957 година, точно пред 60 години, СССР лансираше сателит со Лајка во него, заради тестирање на безбедноста за идните човечки мисии.

– Девет кругови околу Земјата ја направија Лајка прв светски астронаут,е жртвуван за следните мисии во вселената да бидат успешни, рече Котовска, која е горда на својата работа како тренер на Лајка.

Пред Лајка имало неколку обиди со други кучиња кои летале по неколку минути само за да можат научниците да дојдат до податоци како тие се снаоѓаат во состојба без гравитација. Сепак, Лајка беше првото куче кое навистина е испратено во вселената.

За кучињата да се прилагодат на капсулата под притисок, долга само 80 сантиметри, Котовска ги тренирала така што на секои неколку дена ги преместувала во се помали кафези. Кучето би поминало и тест под центрифуга која ја симулира силата при лансирање на сателитот, но исто така и бучавата.

Од сите други кандидати, токму Лајка, тригодишен мешанец од улиците на Москва, најдобро помина на тестовите.

– Ние избиравме женки, затоа што тие не мораат да ги креваат нозете при мокрење, бидејќи така заземаат помал простор. Избиравме бездомници, затоа што повеќе се снаоѓаат и не бараат многу, раскажа Котовска, додавајќи дека кучињата морале да бидат и фотогенични.

Освен фотогеничноста, поради пропагандата добивале и важни имиња. Името Лајка доаѓа од рускиот збор кој значи „лаење“. Котовска рече дека имала исклучителна природа, прилагодливост и интелегентен прашален поглед.

– Ние знаевме дека таа беше предодредена да умре на летот, затоа што немаше начин да се врати назад. Во тоа време такво нешто не беше возможно, рече и додаде дека вечерта пред мисијата сите членови на екипата дошле да се простат од Лајка.

Сателитот Спутњик беше лансиран во 5:30 по московско време од Казахстан, а во почетокот се изгледаше дека се оди според планот.

– Во текот на полетувањето, срцето на Лајка почна силно да чука, а дури после три часа се врати во нормала. Потоа наеднаш, во текот на деветиот круг околу Земјата, температурата во капсулата почна наеднаш да се искачува до 40 степени Целзиусови поради недоволна изолација од сончевите зраци.

Иако постоеше надеж дека Лајка ќе живее барем десет дена, таа почина поради топлотниот удар и дехидрација, само неколку часа од лансирањето. Руските медиуми кои непрекинато пренесуваа информации за нејзината здравствена состојба, не ја соопштија точната причина за нејзината смрт. Официјалната верзија беше дека Лајка починала од отровот кој бил поставен во нејзината храна за да го избегне мачењето при согорување во атмосферата. Сателитот со нејзините остатанки согоре во атмосфтерата, пет месеци подоцна на 14 април 1958 година над Антила во АтлантскиотОокеан.

За советскиот лидер, Никита Хрушчов, патувањето на Лајка беше уште еден подвиг кој беше трн во окото на Американците. Пропагандата добро беше темпирана, непосредно пред 40-годишнината на Октомвриската револуција на 7 ноември.

Први животни кои живи се вратиле од вселената беа двете кучки, Белка и Стрелка лансирани на 19 август 1960 година и се вратиле еден ден подоцна. Успехот на оваа мисија беше поттик за советските власти, една година подоцна да го испратат и првиот човек во вселената, Јуриј Гагарин, во април 1961 година.

Би можело да ве интересира

Тим на „Лајка“ спаси куче паднато во Вардар

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Отворен ден во Лајка: Вашиот мелез е единствен и уникатен

А1он

„Лајка“ со апел: Стоп за петардите и пиротехничките средства, подадете храна на бездомните животни

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ