Отворен ден во Лајка: Вашиот мелез е единствен и уникатен

Од:

ЈП Лајка денеска организира отворен ден и ги повикува граѓаните да вдомат куче од 105-те кои привремено ги има во стационарот.

-ЈП Лајка во моментов е времен дом на 105 кучиња, сите посебни по својот карактер, изглед и карактеристики. Но едно нешто важи подеднакво за сите – на секое бескрајно му треба љубов, семејство, дом, соопшти претпријатието.

Од „Лајка“ сметаат дека многумина не се доволно информирани за судбините на бездомните животни и причините зошто се тие на улица и наведуваат дека причинители за нивната прекубројност се неодговорното сопствеништво, неконтролираното размножување и напуштањето.

-Животните на улица се осудени на тежок живот, секојдневие исполнето со страв, трауми, глад, предвремена, најчесто насилна смрт. Но, хуманоста е „заразна“, а една позитивна приказна влијае и менува многу. Со вашата одлука вие спасувате еден живот, а притоа давате позитивен пример на сите останати. Благодарение на таквите, сè поголема е бројката на поединци кои вдомиле, ќе вдомат и ќе спасат живот и кои стекнале прекрасен, верен и уникатен пријател – велат од ЈП Лајка.

За да вдомат куче, граѓаните може да го посетат стационарот или да ги контактираат вработените во ЈП Лајка на е-адресата [email protected] На нивната фејсбук-страница може да ги разгледаат кучињата што се објавени за вдомување.

Би можело да ве интересира

ЈП Лајка: Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња

Предраг Петровиќ

Тим на „Лајка“ спаси куче паднато во Вардар

„Лајка“ со апел: Стоп за петардите и пиротехничките средства, подадете храна на бездомните животни

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on

Отворен ден за вдомување кучиња во прифатилиштето на ЈП „Лајка“

Ана Ололовска

Хистерично дерење и навреди од директорката на „Лајка“ по написот за негрижата за кучињата скитници

Кристијан Ландов