„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Од:

Во околината на Охрид, на излезот кон Струга, на јавна површина е направен ринг за борби на кучиња каде што се измачуваат, соопштија од иницијативата за заштита на животните „Лајка“.

„Ликови, добро познати и на полицијата, си организираат борби и мува не ги лази (заради наша безбедност моравме да ги цензурираме лицата). Со пехари, со присуство на лица од други градови и држави (претходно во кампот Андон Дуков се организираа, и ширум други струшки и тетовски села), со цела организираност која е апла воочлива и за полицијата која со години никого не санкционирала (од наши извори дознавме дека еднаш и била набркана кога по пријава отишле на сред една ваква борба полна крвопролевање на недолжни битија)“, велат од „Лајка“.

Оттаму сметаат дека со овој грозен чин се кршат многу закони и организаторите се ставаат над законите, заканувајќи им се на оние што сакаат да ги почитуваат законите.

Поради ризикот по безбедноста не се осмелуваат да пријават во полиција каде што некои лица им се блиски на организаторите на борбите.

Од „Анима Мунди“ велат дека ова е еден од најмонструозните форми на измачување, страдање и болка на кучиња и кај нас добро познат бизнис.

„Низ годините сме сведочеле на илјадници вакви громорозни слики, настани каде што несреќните животни го изгубиле својот живот давејќи се во сопствената крв додека група неандерталци, луѓе што го изгубиле основното чувство што ги прави луѓе – емпатија, заработуваат на нивниот победник што е победник до следната рунда, борба и низа други се додека не заврши фатално во својата последна изгубена борба за живот.
Дел од кучињата кои овие злосторници ги користат и не се “квалификуваат” за умоболните дејствија на кои се приморувани или завршуваат на улица или се немилосрдно убиени од страна на нивните сопственици“, соопштија од Анима Мунди додавајќи дека секоја пријава на граѓани никогаш не вродила со казна.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките