„Лајка“ со апел: Стоп за петардите и пиротехничките средства, подадете храна на бездомните животни

Од:

Здружението за заштита на животни „Лајка“ апелира до граѓаните да се воздржат од употреба на петарди и пиротехнички средства во предновогодишниот период и за Нова година, бидејќи тоа предизвикува голем стрес и страв кај животните, а неретко и смрт од срцев удар. Наместо петарди, „Лајка“ ги повикува граѓаните да им подадат храна на бездомните мачиња и кучиња.

– Новогодишниот период, иако е многу убав за нас, е најстресниот период за животните, особено за бездомните кучиња и мачиња. Употребата на петарди и пиротехнички средства предизвикува не само физички повреди, туку и стрес, страв, психички шок, доживотни трауми и неретко смрт од срцев удар кај животните. Апелираме до граѓаните да бидат општествено одговорни и да се грижиме за бездомните животни, оваа година наместо да фрлите петарда, подадете храна на бездомно куче или маче, истакнуваат од „Лајка“.

Од здружението, апелираат и до граѓаните кои имаат домашни миленици, да не ги шетаат без поводник, бидејќи звукот ги плаши кучињата и може многу лесно да избегаат и да завршат трагично.

„Лајка“ потсетува дека Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ЈП Лајка: Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња

Предраг Петровиќ

Тим на „Лајка“ спаси куче паднато во Вардар

Отворен ден во Лајка: Вашиот мелез е единствен и уникатен

А1он

Трагедија во Германија: На новогодишната ноќ 18-годишен Хрват загина од експлозија на петарда

А1он

Запленети 21524 пиротехнички средства на Бит Пазар, приведено едно лице

На Бит-пазар запленети над 2.600 пиротехнички средства, приведен 35-годишник што ги продавал