Зошто пивото има толку добар вкус?

Од:

Научниците открија зошто пивото има толку добар мирис и вкус.

Квасецот во пивото успева да имитира мирис на овошје, за да привлече мушички и така да си обезбеди пренесување до друго тло погодно за размножување.

Токму хемикалиите кои предизвикуваат такви мириси се клучни за вкусот на пивото и виното.

Истражувачот, Кевин Верстрепен рече дека две навидум неповрзани видови – квасец и мушички – имаат развиено интересна симбиоза врз основа на мирисот.

– Мушичките се хранат со квацес, а тој има корист од нивното движење, рече тој.

Од соја квасецот зависи и разликата во вкусот на различните пива и вина.

Овие микроорганизми го  јадат шеќерот во пијалакот и го претвораат во јаглен диоксид и алкохол. Ослободениот гас во лебот предизвикува растење на тестото, додека алкохолот испарува во текот на печењето.

Меѓутоа, во пивото и пенливите вина и алкохолот и јаглен диоксидот се задржуваат.

Би можело да ве интересира

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

Орце Костов

64-годишен возел велосипед со 4,61 промили алкохол во крвта

Петнаесетгодишно девојче од Русија на забавата испила силен алкохол, следниот ден починала

Хрватска има околу 250.000 зависници од алкохол

99 санкционирани возачи во Скопје, 28 под дејство на алкохол