Научниците открија зошто пивото има толку добар мирис и вкус.
Квасецот во пивото успева да имитира мирис на овошје, за да привлече мушички и така да си обезбеди пренесување до друго тло погодно за размножување.
Токму хемикалиите кои предизвикуваат такви мириси се клучни за вкусот на пивото и виното.
Истражувачот, Кевин Верстрепен рече дека две навидум неповрзани видови – квасец и мушички – имаат развиено интересна симбиоза врз основа на мирисот.
– Мушичките се хранат со квацес, а тој има корист од нивното движење, рече тој.
Од соја квасецот зависи и разликата во вкусот на различните пива и вина.
Овие микроорганизми го јадат шеќерот во пијалакот и го претвораат во јаглен диоксид и алкохол. Ослободениот гас во лебот предизвикува растење на тестото, додека алкохолот испарува во текот на печењето.
Меѓутоа, во пивото и пенливите вина и алкохолот и јаглен диоксидот се задржуваат.